fbpx

Вчера издадени потврди на 3.752 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 3.752 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им биле издадени вакви документи, 1.891 мигрант се со потекло од Сирија, 779 од Авганистан, а 1.082 лица се од Ирак.

Од 19 јуни, кога беа направени измените во Законот за азил и привремена заштита, поради мигрантската криза, заклучно со вчера, низ земјава поминале вкупно 388.233 мигранти, од кои најголемиот број, односно 216.157 лица се сириски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ утре во 20 часот на платото на УКИМ

„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева и „Ретро кабаре“, се бендовите кои утре ќе настапат на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 20...