fbpx

„Студентски пленум“: Груевски омекна за екстерното, но не се премисли

-

„Студентски пленум“ го потсетува Груевски дека каков и да е моделот на спроведување на екстерното оценување, тоа сепак ја крши автономијата на Универзитетот, реагираат оттаму на вчерашната изјава на премирот Никола Груевски.

„Може да се забележи омекнување во ставот на премиерот, но, сепак, и понатаму се инсистира на екстерното оценување. Дали премиерот ги помилува сите што излегоа на маршот во понеделникот со изјавата дека тоа нема да важи за сегашните студенти? Ние протестираме поради состојбите во високото образование и нема да се откажеме во името на ниту една генерација која би ги трпела последиците од реформата. И покрај тоа што власта инсистира на тоа дека за секоја следна акција ќе се консултираат студентите, сепак тие излегуваат со нов модел, без да се консултира со засегнатите страни“, стои во соопштението од „Студенти пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...