fbpx

На 25 ноември, саем за вработување во Струмица

-

На 25 ноември, Саем за вработување ќе се одржи во Струмица, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Саемот ќе се одржи во Домот на културата во Струмица и ќе трае од 11 до 14 часот.

Саемот е составен од три компоненти: Ќе се одржи организиран настан со голем број компании кои пред барателите на работно место ќе ги презентираат профилите на работници што ги нудат, а барателите на работа со нив ќе можат да разменат информации, биографии и да ја продолжат комуникацијата. Вториот сегмент е организиран форум со работодавците од Струмица и од Струмичко, а третиот сегмент е мотивациски обуки за процесот на барање работа.

На обуките ќе присуствуваат и лица кои досега биле вработени преку оперативните мерки на Владата.

За саемот во Струмица досега се пријавени 50 компании од различни дејности, а заинтересираните сè уште имаат време да се пријават во АВРМ и на нејзината интернет-страница.

По Струмица, Саем за вработување е планирано да се одржи и во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...