fbpx

Варуфакис се враќа на грчката политичка сцена со своја партија во февруари

-

Контроверзниот поранешен министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, најави дека во февруари ќе ја претстави својата нова партија. Во интервју за италијанскиот весник „Еспресо“, Варуфакис најавува дека новото политичко движење што го инцира, ќе биде проевропско и посветено на една објективна и радикална цел, односно демократизацијата на Европската унија.

Ексминистерот вели дека со своето движење сака да претстави нова политичка алтернатива меѓу политичките сили во Грција и во Европа, односно алтернатива на националистите и на тие што ги прифаќаат антидемократските политики на европските институции.

Најавата на Варуфакис за нова партија дојде кратко по признанието на првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, дека тој лично побарал од грчкиот министер Алексис Ципрас да го отстрани контроверзниот грчки министер за финансии од преговорите меѓу Атина и Брисел.

Дајселблум во интервју за холандска телевизија истакна дека атмосферата меѓу Варуфакис и другите европски министри за финансии била толку затегната што немало никакви услови и можности за да продолжат преговорите за грчкиот кредит и долг. Според него, присуството на грчкиот министер во секој момент можело да ги сруши целосно преговорите меѓу двете страни, поради што Дајселблум во телефонски разговор со Ципрас го советувал грчкиот премиер да го замени Варуфакис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...