fbpx

Бомбата пронајдена во „Ер Франс“ била лажна

-

Извршниот директор на „Ер Франс“ изјави дека наводите на светските медиуми за пронајдена бомба на летот 463 од Маврицус до Париз се „лажна тревога“.

– Според сите информации што ги имаме досега, станува збор за предмет кој не можел да експлодира или да го оштети авионот, туку е мешавина од картон, тајмер и од хартија. Тоа беше лажна тревога – изјави Фредерик Геже од „Ер Франс“.

Официјални лица од кенискиот аеродром ги избришале зборовите „бомба“ и „експлозив“ од извештајот за пронајдениот уред.

Екипажот одлучил принудно да слета во Кенија, откако во тоалетот пронашле сомнителен предмет.

Министерот за внатрешни работи на Кенија, Џосеф Нкајсери, на новинарите им изјавил дека неколку лица од авионот се на испрашување, не наведувајќи дали станува збор за патници или за членови на екипажот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...