fbpx

УНХЦР: Турција примила најмногу бегалци

-

Најголем број бегалци во 21 век примила Турција, а на второ место е Пакистан, покажуваат податоците на УНХЦР. Турција денеска е дом за околу 1,6 милиони бегалци.

На крајот на 2014 година, вкупно 19,5 милиони лица имале статус на бегалци, додека 59,5 милиони лица имале статус на раселени лица поради причини како што се војна, глад, суша и сиромаштија.

Во 2014 година најмногу беглаци имало од Авганистан, а во 2015 година – од Сирија.

Околу 95 отсто од раселените Сиријци моментално живеалиште пронашле во некоја од соседните земји.

Пакистан вдомил окол 2,5 милиони бегалци од Авганистан, што оваа земја ја става на второто место на листата на држави што примиле најмногу бегалци во 21 век.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...