fbpx

Русија и Британија разговараа за избегнување воздушни и поморски инциденти

-

Руското министерство за одбрана соопшти дека британски воени претставници разговарале со руските колеги во Москва за начини да се избегнат инциденти меѓу вооружените сили на двете земји во воздух и на море.

Британија се жалела дека повеќепати морала да ги подигне своите борбени авиони поради руските бомбардери, кои летале премногу близу до британскиот воздушен простор. Во неколку случаите, Британци морале да следат и руски воени бродови кои пловеле близу до британските територијални води.

– Разгледано е прашање како да се воспостават брзи канали за комуникација меѓу руски и британски воени сили, за да се избегнат инциденти на отворено море и во воздух – соопшти руското министерство за одбрана.

Во соопштението се истакнува дека состанокот, на кој присуствувале генерал-полковник Игор Макушев и шефот на воздушните сили на Британија, Стјуард Пич, бил конструктивен и оти бил свикан на барање на официјален Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...