Ќе има можност секој да полага сè додека не положи, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со воведувањето на екстерното тестирање за студентите.
– Нам целта ни е ако некој дошол до преодна оценка без знаење, да биде натеран да научи. Тоа е единствената цел – рече тој.
Груевски истакна дека намерите биле добри, но нема да се спроведат сè додека не се направи широка дебата во која ќе бидат вклучени студентите.
– Тие веќе се вклучени затоа што Министерството за образование организираше такви настани, како со студентите така и со професорите. Ќе бидат вклучени сите можни фактори и од тој аспект ќе се слушне секое мислење и внимателно ќе се анализира – рече Груевски, кој додаде дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и дека тој тоа го почитува.