Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, изјави дека постојат три услови чие исполнување ќе доведе до нормализација на односите помеѓу Русија и Турција.
Тој наведе дека за нормализаија на односите, Анкара прво треба да се извини за уривањето на рускиот авион, да ги казни виновниците за тој инцидент и да ја плати штетата.
– Доколку нашите очекување не се исполнат, ниедна изјава од официјални лица од Турција нема да има резултат – изјави амбасадорот Карлов.
Тој рече дека Анкара тврди дека е заинтересирана за дијалог, иако нејзините власти и понатаму даваат изјави кои не се во согласност со тој став.
Односите помеѓу Москва и Анкара се во криза откако турскиот ловец „Ф-16“ го урна рускиот авион „су-24“ на територија на Сирија. По уривањето на бомбардерот еден руски пилот беше убиен, додека во спасувачката операција загина и еден руски војник.