fbpx

Карлов: Турција да се извини, да ги казни виновниците и да ja плати штетата

-

Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, изјави дека постојат три услови чие исполнување ќе доведе до нормализација на односите помеѓу Русија и Турција.

Тој наведе дека за нормализаија на односите, Анкара прво треба да се извини за уривањето на рускиот авион, да ги казни виновниците за тој инцидент и да ја плати штетата.

– Доколку нашите очекување не се исполнат, ниедна изјава од официјални лица од Турција нема да има резултат – изјави амбасадорот Карлов.

Тој рече дека Анкара тврди дека е заинтересирана за дијалог, иако нејзините власти и понатаму даваат изјави кои не се во согласност со тој став.

Односите помеѓу Москва и Анкара се во криза откако турскиот ловец „Ф-16“ го урна рускиот авион „су-24“ на територија на Сирија. По уривањето на бомбардерот еден руски пилот беше убиен, додека во спасувачката операција загина и еден руски војник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...