fbpx

Изготвена студија за вредностите на регионот на Охридското езеро од албанска страна

-

Работната сесија, во рамките на проектот на УНЕСКО и ЕУ за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион, резултираше со објавување на Базична студија и проценка за состојбата и вредностита на албанската страна на регионот на Охридското езеро.

Студијата ги идентификува специфичните потреби на регионот, предлог-границите за опфат на заштитеното подрачје како и сценарија за можната состојба на регионот после 20 години, во зависност од тоа, дали ќе се превземат мерки за управување или ќе се набљудуваат состојбите какви што се.

Во рамките на сесијата се изготви и предлог-визија за вредностите на Охридскиот регион, која уште еднаш ги потенцира вредностите од природен и културен аспект, потребата за нивна заштита и промоција зад кои цврсто застанува УНЕСКО.

Претставникот од македонска страна, Дејан Пановски потенцираше дека, како позитивни дејства се воспоставувањето прекугранични тела, контактот со УНЕСКО преку Националните комисии и донесените закони и менаџмент-планови кои се добра основа и бедеми за заштита на езерскиот регион.

Тој ги потенцираше и големи предизвици и забелешки околу несоодветната урбанизација, деградацијата на крајбрежјето по целата линија на двете страни, (не)грижата за рибниот фонд и односот кон цврстиот отпад, за што решението мора да се бара преку зајакнување на институционални механизми и секако зајакнување на инспекцискиот систем.

– Од страна на учесниците беше нотирана важноста за инволвираноста на локалните самоуправи во сите процеси на заштита и промоција на регионот, како и квалитетна обука на кадри за имплементација на тој процес, па дури и до предлог за воведување на студии за управување со наследството. Визијата за Охридскиот регион како уникатна природна и културна вредност, недвосмислено мора да опстои и да се надградува- напоменува Пановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...