Шведска воведе привремени гранични контроли за мигрантите

-

Шведска денеска воведе привремени гранични контроли за мигрантите што влегуваат во земјата, јавуваат медиумите. Kонтролите, според властите во земјата, се воведени бидејќи големиот наплив нови мигранти би можел да биде закана за јавниот ред.

Шведскиот министер за внатрешни работи, Андерс Игеман, како што пренесува „Би-Би-Си“, изјавил дека лево-центристичката влада дејствувала во насока „да ја одржи безбедноста и стабилноста во земјата, односно не да го намали или лимитира бројот на баратели на азил, туку да овозможи подобра контрола на протекот на баратели на азил кои доаѓаат во Шведска“.

Привремените контроли, кои ќе траат во наредните 10 дена, почнале со проверки на возовите што минуваат преку мостот Оресунд, што ги поврзува Шведска и Данска, како и на терминалите за траектите што пристигнуваат од Данска и од Германија.

До крајот на годината, се очекува Шведска да прими речиси 200.000 мигранти, повеќе од која било друга земја-членка на Европската унија, споредено по бројот на жители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...