fbpx

Ослободени киднапирани Хазари во Авганистан

-

Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека денеска ослободила осум лица кои се наоѓале во голема група од 31 Хазари, кои беа киднапирани на почетокот од годинава.

Пет мажи, две жени и еден тинејџер денеска се ослободени на подрачјето на покраината Газни, соопшти извор на Републиканската дирекција за безбедност.

Група од 31 припадник на хазарското малцинство, за кои во тоа време се верувало дека го сочинувале само мажи, се киднапирани во февруари од автобус во покраината Газни. Во мај се ослободени 19 од киднапираните, додека другите се водеа како исчезнати.

Виши владини претставници тогаш соопштија дека Исламска држава стои зад киднапирањето.

Хазарите, кои се претежно шиити, биле мета на неколку големи киднапирања годинава, што предизвика демонстрации и протести во главниот град Кабул и во други места.

Во саботата, на 7 ноември, беа пронајдени седум обезглавени тела на припадници на хазарите во Забулу. Убиени се четворица мажи, две жени и дете, кои биле киднапирани пред шест месеци, соопштија властите.

Републиканската дирекција за безбедност го отфрли тврдењето на талибанците дека Исламска држава е одговорна за овие убиства. Спротиставените талибански фракции со денови се борат во овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...