fbpx

(ВИДЕО) Припадниците на ИСИС бегаат од Беиџи

-

Ирачката војска ги принудила џихадистите на Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта.

Командантот на воените сили во Беиџи, генерал Абдул Вајаб ал-Сади, изјави дека воените единици ги зазеле зградите на локалната влада и седиштето на полицијата, соопшти државната ирачка телевизија.

Градот Беиџи, кој е на 250 километри од Багдад, летово падна под контрола на припадниците на ИСИС, во рамки на инвазијата на северниот дел на Ирак, подрачје западно од главниот град на провинцијата Анбар.

Владата во Багдад засега не ги потврдила наводите на државната телевизија, но генералот Ал-Сади во саботата соопшти дека неговите сили презеле контрола над поголем дел од Беиџи.

https://www.youtube.com/watch?v=CEqu9LZp0vM

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...