fbpx

Осумнаесетгодишник измамил турски студенти и заработил 54.000 денари

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство, против С.Б. (18) од Скопје, поради основан сомнеж дека извршил шест измама, казниви според членот 247 од Казнениот закон, притоа стекнувајќи противправна имотна корист од околу 54.000 денари.

Имено, пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, измамил шест лица, турски државјани. Кривичните дела ги извршил во временскиот период од септември до октомври годинава.

Со лажно прикажување факти, 18-годишникот на странските државјани, студенти, им ветувал дека ќе им извади лични карти за странец и за таа услуга од нив земал пари. Меѓутоа С.Б. ниту им извадил лични карти за странец во РМ, ниту им ги вратил паричните средстава на оштетените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...