fbpx

Во руските воздушни напади, уништен главниот центар за обука на ИД во Сирија

-

Руски борбени авиони во изминатите 24 часа извеле 33 воздушни напади врз 49 цели на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, јавуваат светските агенции.

Конашенков соопштил дека бомбардери од типот „сухој Су-25“ во два од нападите го уништиле главниот центар за обука на милитантите на Исламска држава (ИД), кај градот Латакија, користејќи бомби со голема експлозивна моќ.

Во нападите, додал портпаролот, биле уништени и два командни центри на ИД, три склада за оружје и за муниција, 32 лансирни позиции, два подземни бункери и еден објект за производство на проектили.

Според министерството за обрана на Русија, во нападите биле гаѓани цели во провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...