fbpx

Лавров: САД одбија разговори за Сирија

-

САД одбија да ја примат високата руска делегација за разговори со Сирија, како и да испрати свој претставник во Москва, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Буквално денеска добивме одговор. Речено ни е дека не можат да испратат делегација во Москва и не можат да примат делегација во Вашингтон – рече Лавров во рускиот парламент.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека руската делегација би можела да биде составена од претставници на ниво заменик- командант на генералштабот и членови на безбедносните служби.

Лавров рече дека Русија внимателно мора да ја следи ситуацијата во Ирак и во Авганистан, но досега само Сирија побарала помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...