fbpx

Пронајдено безживотно тело на 45-годишен маж во Охрид

-

Безживотно тело на маж на возраст од 45 години, утрово е пронајдено во автомобил во автокампот „Андон Дуков“, покрај Охрид, информираат од СВР Охрид.

Телото го забележал случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата.

Според првичните информации од истрагата, во автомобилот била пронајдена една чаура од куршум.
На телото немало траги на насилство, што наведува на заклучок за самоубиство.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран...