fbpx

Ангус Дитон ја доби Нобеловата награда за економија

-

Ангус Дитон, професор на Универзитот „Принстон“, ја доби годинешната Нобелова награда за економија за неговата анализа на потрошувачката, сиромаштијата и на социјалната помош, соопшти Нобеловиот комитет.

Дитон, кој има американско-британско државјанство, е роден во 1945 година во Единбург, Шкотска. Тој работи на Универзитетот „Принстон“ од почетокот на 1980-тите.

Комитетот соопшти дека Дитон победил поради поставувањето на трите клучни прашања: Како потрошувачите ги распределуваат нивните трошоци меѓу различни производи? Колку од општествениот приход се троши и колку може да биде заштеден? Како да направиме најдобра мерка и анализа на благосостојбата и на сиромашијата?

Со објавување на добитникот на оваа награда, заврши претставувањето на добитниците на Нобелова награда за оваа година. Наградите ќе бидат доделени на церемонии во Стокхолм и во Осло што ќе се одржат на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на наградите, Алфред Нобел, кој починал во 1896 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.