fbpx

Дождовите предизвикаа поплави во Кумановско

-

Поројните дождови го зголемија новото на реките во кумановскиот регион, поради што поплавени се земјоделски површини, патна инфраструктура, подруми и неколку помошни објекти во населбата Бедиња, кај селото Доброшане, на вливот во Пчиња и на неколку куќи во населбата Бавчи.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, денеска соопшти дека екипи од локалната самоуправа во претпладневните часови излегле на терен и направиле записник, кој наведува дека материјалната штета не е голема.

Дамјановски рече дека ќе побара поддршка од Владата доколку тоа е потребно. Попладне ќе заседава општинскиот кризен штаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата не нуди никаков додаток – граѓаните мета на фишинг напади

Измамнички СМС-пораки кои наводно нудат парична помош од Владата деновиве им пристигнуваат на мобилните телефони на граѓаните, со барање да ги остават нивните лични податоци и информации за кредитните/дебитните...