fbpx

Во Кина е пуштен во употреба системот за меѓународно плаќање ЦИПС

-

Кинескиот систем за меѓународни плаќања ЦИПС (The China International Payments System, CIPS), денеска официјално беше пуштен во употреба на церемонија во Шангај, објави Државниот совет на Кина.

Првата трансакција извршена во новиот систем е пренос на пари од Кина во Луксембург, пренесува „Ер-Би-Си“.

Почетокот на работата на системот ЦИПС ќе овозможи да се зголеми ефикасноста на прекуграничното плаќање во јуани и ќе го поттикне користењето на јуанот во меѓународни размени. Тоа ќе има големо влијание врз зголемување на поддршката на реалната економија и стратегијата за излез на кинеските компании на светскиот пазар.

Системот ЦИПС ќе им овозможи на странските партнери да извршуваат плаќање во јуани директно со кинеските партнери.

Кинеската влада се надева дека со помош на овој систем, ќе се зголеми нивото на меѓународно признание на нејзината валута.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...