fbpx

Деветмина загинати во поплави во Јужна Каролина

-

Девет луѓе ги загубиле животите во поплавите кои од четвртокот минатата недела, беснеат во американската сојузна држава Јужна Каролина, јавуваат светските медиуми. Десетици илјади жители од погодените региони останале без електрична енергија и без вода за пиење, соопштиле локалните власти.

Според информациите, поради големите врнежи, попуштиле неколку насипи на реките и на езерата во главниот град Јужна Каролина, Колумбија, кои припадници на националната гарда се обидуваат да ги затворат со вреќи песок.

Поради поплавите, затворени се повеќе од 500 патишта и мостови, а градската управа соопштила дека ќе работат само службите за итна помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...