fbpx

Спасени повеќе од 1.800 мигранти во Средоземно Море

-

Повеќе од 1.800 луѓе, кои се наоѓале во дрвени и во гумени чамци, вчера биле спасени во шест операции во близина на либискиот брег, во Средоземно Море, соопштила италијанската крајбрежна стража, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.

Од вкупно 1.830 мигранти, 717 ги презел брод на италијанската крајбрежба стража, друг брод примил 115 лица, а брод на италијанската воена морнарица спасил уште 117 луѓе.

Во спасувачките операции учествувале и еден ирски и еден британски брод.

Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од јануари оваа година, повеќе од 430.000 мигранти и бегалци го препловиле Средоземно Море, а речиси 2.750 од нив го загубиле животот или се водат како исчезнати,

Како што пренесува ХРТ, од утре (7 октомври) почнува новата фаза во борбата против илегалниот транспорт на луѓе преку Средоземно Море, што ќе им овозможи на бродовите што пловат под знамето на „Енавфор мед“ да интервенираат во меѓународни води. Европските воени бродови ќе можат да дејствуваат против шверцерите на луѓе, под услов да останат во меѓународни води и да не влегуваат во територијалните води на Либија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...