fbpx

Вчера биле издадени потврди на 1.998 бегалци

-

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи на вкупно 1.998 странски државјани им издало потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од нив 1.329 се од машки пол, 239 се од женски, 383 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 47 се деца кои патуваат без родител. Најбројни од нив, 1.001, се државјани на Сирија.

Од 19 јуни до денес издадени се потврди на вкупно 115.499 странски државјани.

Во изминатите 24 часа, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Досега издадени се 50 барања за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...