fbpx

Масакрот во Орегон почнал на час, убиецот бил студент на колеџот

-

Полицијата соопшти дека Крис Харпер Мерсер бил студент на колеџот „Ампукуа“ и дека бил запишан на листата на присутни студенти во училницата каде што почнал крвавиот напад.

26-годишникот уби најмалку 13 лица, а рани повеќе од 20 во северозападниот дел на Орегон, по што беше убиен во престрелката со полицијата.

– Мерсер бил на листата на присутни студнти во училницата во која ги уби своите први жртви. Носел панцир и имал повеќе од доволно оружје, три пиштоли, пушка и многу муниција. Не е познато дали ги познавал своите жртви. Не можеме да потврдиме дали оставил проштално писмо – наведе шерифот Џин Ханлин.

Според неговите зборови, во кампусот се пронајдени дури 13 парчиња оружје, а новите детали на истрагата покажуваат дека Мерсер имал голем проблем со однесувањето во минатото.

На списокот на американски војници, неговото име се појавило во 2008 година, но на обуката останал само пет недели, по што го отпуштиле од засега непознати причини. Соседите го опишале како асоцијален осаменик, кој работел како дизајнер во театарот на колеџот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.