fbpx

ЗНМ: Непримерна реакција на кабинетот на Иванов кон уредникот на „Вест“

-

Здружението на новинарите на Македонија го осудува непримерниот одговор на кабинетот на Претседателот на Република Македонија кон дневниот весник „Вест“, а поврзан со вчерашниот напис „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра“.

Имено, „Вест“ вчера објави текст во кој се вели дека ставањето потпис на Законот за специјален обвинител чинeло 6.000 евра.

Денеска со реакција се јавија од кабинетот на Иванов, во кој реагираа дека главниот и одговорен уредник на весникот „по кој знае кој пат продолжува грубо да ја лаже, манипулира и дезинформира македонската јавност во однос на работата на Претседателот на Република Македонија“.

„Наместо да ја објави вистинската цена на летот, главниот и одговорен уредник несвесно си ја објави висината на својата месечна плата од 6.000 евра. Цената на летот кон и од Црна Гора, според официјалната документација на Службата за општи и заеднички работи, што може лесно да се провери, изнесува вкупно 969 евра“, стои во реакцијата.

Поради сето ова од ЗНМ реагираат дека наместо, како што доликува на една институција што треба да биде прва во државата како пример за транспарентност и за отчетност кон јавноста, и да одговори на прашањето од весникот колку чини летот со владиниот авион на релација Скопје – Подгорица – Скопје, кабинетот на Претседателот грубо го напаѓа главниот и одговорен уредник на „Вест“ со изнесување невистини за да го дискредитира него и весникот пред јавноста. За ЗНМ ваквото однесување претставува притисок врз медиумите и уредувачката независност на „Вест“.

„За жал, станува практика на кабинетот на шефот на државата, Ѓорге Иванов, дрско да комуницира со медиумите. Го потсетуваме кабинетот на Претседателот дека тие се финансираат со јавни пари и имаат обврска да објаснат пред јавноста на кој начин ги трошат“, стои во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...