петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Вест | 18 резултати

СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ

24 јули 2018

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24. Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева. Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. […]

„Дневник“ згасна, денешниот е последниот број

13 јуни 2017

„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Македонија што опстоја со децении на пазарот, денеска го испечати последниот број. Весникот излегуваше од 20 март 1996 година. Од утре весникот нема да се печати, а на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, кога ќе бидат на одмор. Ова од менаџментот денеска […]

Со првата работилница во Охрид, почнуваат обуките за граѓански активизам

12 мај 2017

Со дводневната работилница во Охрид, од денеска почнуваат обуките за граѓански активизам. – Целта е да се зголеми граѓанската свест и да не се наседнува на пласирањето лажни вести – вели Синиша Пекевски, национален координатор на проектот „Зајакнување на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“. Работилниците отвораат можност за развој на локални иницијативи и акции, кои […]

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

28 април 2017

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка […]

Трифун Костовски: Не се обидов да си го вратам „Утрински весник“

26 април 2017

Последниот број на „Утрински весник“ ќе излезе в сабота, на 29 април, тврдат новинарите кои се вработени во овој медиум. Официјален став од издавачот „Медија принт“ за затворањето на „Утрински весник“ сè уште нема. Не е познато ниту дали весникот претходно бил понуден на продажба на друга компанија или лице. Бизнисменот Трифун Костовски беше мнозински сопственик […]

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

14 март 2017

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). – ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да […]

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

17 февруари 2017

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. – […]

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

6 февруари 2017

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во […]

ССНМ: Новинарите од „Вест“ се приклучија на штрајкот во МПМ

6 февруари 2017

Новинарите и медиумските работници од редакцијата на дневниот весник „Вест“ донеле одлука да се приклучат на штрајкот што минатата недела го најавија нивните колеги од „Утрински весник“ и од „Дневник“, на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ), соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Новинарите на „Вест“, како што соопшти ССНМ, денеска формирале штрајкувачки […]

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

29 март 2016

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со П.Р. (Политичка рубрика) и Р.Д. (Редакција „Дневник“). Станува збор за […]

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

29 март 2016

Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство. Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот весник „Вест“  и дека обидите за манипулација и извртување на […]

Апел од „Вест“ до меѓународната заедница: Власта сака да го скрши весникот

20 декември 2015

Уредничкиот колегиум на редакцијата на дневниот весник „Вест“ упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а поврзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник, Горан Михајловски. Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, редакцијата се соочува со политички […]

ЗНМ: Непримерна реакција на кабинетот на Иванов кон уредникот на „Вест“

18 септември 2015

Здружението на новинарите на Македонија го осудува непримерниот одговор на кабинетот на Претседателот на Република Македонија кон дневниот весник „Вест“, а поврзан со вчерашниот напис „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра“. Имено, „Вест“ вчера објави текст во кој се вели дека ставањето потпис на Законот за специјален обвинител чинeло 6.000 евра. Денеска со реакција се јавија […]

Вработените на „Вест“ го поддржаа проектот „Македонија вработува“ пред седиштето на МПМ

30 јуни 2015

Новинарите на дневниот весник „Вест“, кој го издава фирмата „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) денеска, точно напладне, пред седиштето на компанијата, излегоа облечени во маички на кои пишува „Македонија вработува“. Како што самите велат, тие сакаат да ја искористат познатата синдикална мерка за искажување незадоволство од плановите на менаџментот за намалување на платите и од најавата за […]

Страна 1 од 1