fbpx

Методија Величковски е нов началник на генералштабот на АРМ

-

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија. Тој на функцијата доаѓа на местото на досегашниот началник Горанчо Котески.

Претседателот на државата и Врховен командант, Ѓорге Иванов, вчера попладне го потпишал указот за именување на нов началник на генералштабот, откако Котески предходно бил разрешен од функцијата. Инаку Горанчо Котески една година ја вршеше должноста началник на генералштабот на АРМ со истечен мандат.

Како што пренесува „Новатв“, шпекулациите се дека Методија Величковски, наводно е компромисно решение поради судирот на интереси кој настанал бидејќи претседателот на државата и владејачката партија имале различни фаворити кои сакале да ги протуркаат за функцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...