fbpx

СДСМ: Лицемерно е сликањето на Груевски со македонските претставници на Специјалната олимпијада

-

Денешното сликање на Никола Груевски со претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада е крајно лицемерно, велат од СДСМ.

„На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците на СДСМ и на коалицијата предложија набавка на уште едно дополнително возило за лица со посебни потреби, наместо набавка на електричен автомобил за потребите на администрацијата на градот. Вредноста на електричниот автомобил е 30.000 евра, што е сосема доволно за набавка на уште едно, дополнително специјално возило за лица со посебни потреби. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наместо за потребите на лицата со посебни потреби, одлучија да се луксузираат со електрични возила за администрацијата“, се вели во партиската реакција од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека за Груевски потребите на граѓаните никогаш нема да бидат пред неговите и пред потребите на неговите соработници од злосторничкото здружение за раскош и за луксуз. Според партијата, граѓаните тоа веќе добро го знаат и ќе го испратат Груевски во политичка пензија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...