fbpx

„Охридско лето“: Вечер за концерт, претстава и за изложба 

-

Колажна вечер, од музички концерт, драмска претстава и од ликовна изложба, реализираше синоќа фестивалот „Охридско лето“. И трите настани беа исклучително добро посетени, со полни гледалишта.

На Малата сцена во центарот од култура „Григор Прличев“, актерите од Народниот театар на Центарот, ја прикажаа фестивалската премиера на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ.

Во преполнетата „Св.Софија“, женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ја воодушеви публиката со хорски изведби на духовна музика, раководен од Летка Димовска-Полизова, основач и диригент.

Во Големиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, како дел од програмата на „Охридско лето“, беше отворена изложбата „Колажна приказна“ на македонската сликарка и алпинистка Илина Арсова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...