Денеска се одбележуваат 14 години од загинувањето на десет воени резервисти кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа.

Владина делегација, предводена од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе положи цвеќе пред спомен-плочата во Карпалак.

Делегацијата ќе положи цвеќе и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, по што министерот Јолевски ќе има обраќање.

Во спомен на прилепските бранители вчера беа положени цвеќиња во кругот на касарната „Мирче Ацев“ и се одржа панихида во црквата „Св. Петка“ во селото Лениште.