fbpx

МВР за невремето во Тетовско: Четворица загинати, двајца исчезнати и 11 повредени

-

Хашим Ф. (83) од Шипковица, А.М. (14) од Шипковица и две деца, на возраст од седум, односно една и пол година, од Тетово и од селото Шипковица, ги загубиле животите во силното невреме што синоќа го зафати тетовскиот регион, официјално информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, безживотните тела на Хашим Ф., А.М. и на детето на возраст од една и пол година биле пронајдени во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете е пронајдено во Голема Речица.

Од МВР соопштуваат и дека едно девојче, на возраст од околу шест години, од селото Шипковица, како и Р.Ј. (61) од селото Лисец, засега се водат како исчезнати.

Во вчерашното невреме, според МВР, тешки телесни повреди и телесни повреди добиле 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив се задржани во тетовската клиничка болница за понатамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување.

Невремето придонесе да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...