fbpx

Одличен настап на Стефан Миленковиќ со „Танго компас“

-

Ниту дождот, ниту децибелитe што доаѓаа од концертот на Здравко Чолиќ не ги спречија синоќа во Антички театар, виолинистичкиот виртуоз Стефан Миленковиќ и „Танго компас“ да приредат незаборавно музичко доживување. Концертот го проследија повеќе илјади љубители на музиката, меѓу нив и министрите за култура, Елизабета Канчевска – Милевска, и за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски.

Концертот, како прекрасени спој на џезот и на класичната музика Миленковиќ, потсетувајќи на култниот филм на Милчо Манчевски, едноставно го нарече „После дождот“. Охридската фестивалска публика, ја имаше привилегијата да доживее и две светски премиери, неодамна компонирани од хармоникашот Марко Хатлак.

Задоволна беше публиката, задоволни беа и изведувачите кои подарија неколку бисови, додека самиот Миленковиќ на сцената одигра едно танго, со својата, од публиката повикана партнерка. Виртуозот на виолина не заборави да упати и честитката за Илинден, Денот на Републиката.

Пред охридската публика, Миленковиќ се претстави со нов проект, танго-концерт, со тим кој првпат доаѓа на фестивалот, каде инаку тој има повеќепати гостувано како солист, со камерни состави и со македонски музичари.

Претходниот настап му беше во 2011 година, заедно со Влатко Стефановски.

Овојпат, изведувачите донесоа една лепеза, пресек на развојот на тангото, со старите, но и со модерните, современи мајстори.

– „Танго компас“ значи пулс, ритам и нешто повеќе од ритам. Тоа е нешто што е самата срж на музиката, без што музиката не би можела да постои, тоа е пулс без кој ние не би можеле да постоиме. Како платформа и тема е нешто малку пошироко од само танго-теми и затоа имаме дури и нешта кои не се нужно танго, но кои ги поврзува тој пулс – изјави Миленковиќ.

„Танго компас“ е проект на страсни љубители на танго-музиката, во кој покрај Миленковиќ, се и Марко Хатлак (хармоника), Марко Чрнчец (пијано), Лука Херман Гајзер (контрабас), а со нив како вокал настапува Ана Безјак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...