Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија денеска делегации на Градот Скопје, на Владата, Собранието, Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии и од сите општини на Град Скопје, дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации.
Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и на културните установи на Град Скопје, членови на Црвениот крст и припадници на други јавни институции од земјава.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.