fbpx

Битолчанец осомничен за разбојништво, а негов пријател за помагање

-

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против И.Р. (36), жител на градот, кој се товари за разбојништво што, според полицијата, го извршил на почетокот на овој месец.

Во врска со случајот, пријава е поднесена и против битолчанецот Љ.И. (53), кој се сомничи за кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело.

Според полициските информации, осомничениот И.Р., на 2 јули околу 3.45 часот, маскиран со фантомка на главата, преку прозор провалил во куќа во селото Ратино и со дрвен стап го нападнал сопственикот Павле Т. (78) и му одзел околу 22.000 денари.

Како што информираат од полицијата, сопственикот на куќата, кој во меѓувреме починал, по нападот бил хоспитализиран во битолската болница каде лекарите констатирале телесни повреди и го задржале на лекување.

Второосомничениот Љ.И. се товари дека со умисла дал лажен исказ, односно при распитот во полиција, сакал да му обезбеди алиби на И.Р., лажејќи ги полицајците дека вечерта кога се случило разбојништвото, тој бил кај него дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ: фокус на проширувањето и владеењето на правото

Токму затоа што беше неформален, од неодамнешниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, немаше завршен документ. Оваа статија ја засноваме на прес-конференциите пред и по Самитот, но...