fbpx

Средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Иран во земјава

-

Претседателот Ѓoрге Иванов денеска остварил средба со амбасадорот на Исламска Република Иран во земјава, Саид Садег Мохамади, соопштија од кабинетот на Иванов.

Како што информираат оттаму, на средбата Иванов го поздравил постигнатиот договор на Иран со петте постојани членки на Советот за безбедноста на Обединетите нации (ОН) и со Германија за иранската нуклеарна програма, оценувајќи го „како историски позитивен чекор‎ за земјите од регионот на Блискиот Исток“.

‎„Со договорот за Иран, за една стара цивилизација, земја со богата култура и со традиции, се отвора можноста за ново поглавје, повторно да биде активен член во меѓународната заедница и да придонесува за регионалната и за меѓународната безбедност“, рекол претседателот Иванов.

Иванов истакнал дека „унапредувањето на економската соработка и зајакнувањето на трговската размена меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран, треба да биде приоритет на двете земји во наредниот период“.

Амбасадорот Мохамади посочил дека договорот за иранската нуклеарна програма гарантира дека таа ќе биде само за мирољубиви цели и во функција на зацврстување на регионалната и на меѓународната безбедност и воедно изразил задовослтво од укинувањето на долгогодишните економски санкции и на дипломатската изолација.

Тој на средбата, како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, го реафирмирал ставот дека „Иран и во иднина ќе настојува на градење и на развивање на билатералната соработка со Република Македонија во сите области од заемен интерес“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...