fbpx

Се зголемува извозот на конзервната индустрија

-

Mинатата година беше рекордна за конзервната индустрија, со вкупно извезени 46.5 илјади тони преработки на овошје и на зеленчук. Тоа е за 3 проценти повеќе споредено со претходната 2013 година. Освен извезото количество, рекордна е и вредноста на извезени производи, односно вкупно 51,2 милиони евра или за 3,1 отсто повеќе од претходната година.

Според податоците од Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), од година во година континуирано се зголемува извозот на конзервната индустрија, односно на македонскиот ајвар, лутеница и на различни видови мармалади и слатка.

Најголем дел од производите се продаваат на европскиот пазар, а минатата година најмногу се извезувал конзервиран зеленчук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема да има летови Скопје-Крф, се премисли грчки „Ејџиан Ерлајнс“

Иако ТАВ Македонија најави дека сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф ќе почне од 1 јуни годинава, такво нешто нема да се случи. Грчкиот авиопревозник Ејџиан Ерлајнс ја прекина продажбата...