fbpx

Груевски: СДСМ прави сè за да не се постигне договор

-

„Tреба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Засега, другата страна не можам да кажам дека оди во таков правец“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Мене сè уште ми стои впечатокот дека другата страна прави сè да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно понелогични услови за да не се договориме и да можат да го продолжат периодот на политичка криза која би имала влијание на економијата – рече Груевски.

Опозицијата, според него, на тој начин се надева дека ќе дојде до пад на економијата и шанса луѓето да почнат да се разочаруваат од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за СДСМ.

– Таквата деструктивна политика која е на грбот на граѓаните и на народот, вработените и невработените кои очекуваат вработување, ќе им се врати како бумеранг на нашите политички опоненти и мислам дека следните избори ќе ги изгубат уште со поголема разлика отколку претходно поради ваквата политика со која тргнале да одат – изјави Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...