fbpx

Оставки во Полска поради скандал со прислушување

-

Тројца полски министри и спикерот на парламентот поднесоа оставки по скандалот со прислушувањето што ѝ ги зголемува шансите на конзервативната опозиција во пресрет на парламентарните избори закажани за четири месеци, објави „Дојче веле“.

Премиерката Ева Копач соопшти дека парламентарниот спикер Радослав Шикорски и министрите за здравство, спорт и за финансии ги напуштаат функциите.

Полските медиуми со денови објавуваат информации за околу 2.500 транскрипти со разговори на владините функционери кои кружат на интернет.

Транскриптите се докази во тековната истрага на полското правосудство. Во јуни минатата година, полскиот магазин „Впрос“ објави тајни снимки на шефот на централната банка кој, наводно, преговара со министерот за внатрешни работи за поддршка на владините економски политики, доколку министерот за финансии поднесе оставка.

Подоцна магазинот објави транскрипти и од други прислушувани разговори, вклучително и еден во кој тогашниот министер за надворешни работи Шикорски, наводно, ги нарекува односите со САД „гомненици“ и го критикува британскиот премиер Дејвид Камерон дека е „некомпетентен за работи поврзани со ЕУ“.

Шикорски и други министри биле тајно снимани за време на приватни состаноци во познати ресторани во Варшава во текот на 2013 и на 2014 година, а снимките потоа стигнале и до „Впрос“. Во меѓувреме, деновиве тие повторно испливаа на социјалните мрежи.

Копач вчера изјави дека планира да ја исчисти владата од секој кој е погоден од скандалот со прислушувањето.

„Сè додека сум јас премиер, нема да дозволам никој да ги употреби снимките за време на предизборната кампања“, рече таа. Побара оставка и од државниот јавен обвинител, кој го смета за виновен за протекувањето на снимките од истрагата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...