fbpx

Поднесен обвинителен акт за случајот „Чекан“

-

Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднел обвинителен акт против десетмината уапсени во полициската акција „Чекан“, кои се товарат за злосторничко здружување, изнуда, перење пари и за лихварство.

„Криминалната група во која биле обвинетите, почнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата, тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека јавниот обвинител предложил продолжување на притворот за деветмина од обвинетите.

Полициската акција „Чекан“ беше спроведена на почетокот од декември мината година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...