fbpx

Трамп се предаде на властите во Џорџија

По кратката процедура во затворот во Фултон, Трамп набрзо се врати во својот голф-клуб во Њу Џерси

-

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп се предаде на властите во Џорџија под обвинение за заговор за поништување на резултатите од изборите во државата во 2020 година. Тој плати кауција од 200.000 долари за да биде ослободен од затворот во Атланта додека го чека судењето. А, потоа тој го опиша случајот како „травестија на правдата“, пренесе Би-би-си.

Ова беше негово четврто апсење во последните пет месеци. Трамп за прв пат од јануари 2021 година се огласи на социјалната мрежа X, порано познат како Твитер.

Тој ја сподели адресата на неговата веб-страница и снимката со големи букви: „Мешање во изборите. Никогаш не се предавај!“.

По кратката процедура во затворот во Фултон, Трамп набрзо се врати во својот голф-клуб во Њу Џерси.

Трамп тврди дека случаите против него се политички мотивирани бидејќи тој ја предводи трката на републиканците на претседателските избори следната година. Иако четирите случаи кои се покренати против него не му наштетија на неговиот статус како фаворит во трката за републиканска номинација за да го предизвика демократскиот претседател Џо Бајден на изборите во ноември 2024 година.

Обвиненијата поднесени од окружната обвинителка на САД, Фани Вилис, се најнови правни проблеми за Трамп, фаворит во трката за претседателска номинација на Републиканската партија во 2024 година. Обвинителите истакнаа 11 точки од обвинението против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање, кои вообичаено се користат против членови на организирани криминални групи.

Тие обвинија 18 други лица, меѓу кои Марк Медоус, поранешен шеф на кабинет на Трамп во Белата куќа, и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...