fbpx

2.000 деца на бесплатен одмор во струшкото одморалиште „Мајски цвет“

-

Оваа летна сезона, вкупно 2.000 деца од семејства со социјален ризик ќе престојуваат на бесплатен подмор во струшкото одморалиште „Мајски цвет“. Првата група деца летувалци во рамки на проектот „Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик“ ќе пристигне во струшкото одморалиште кон крајот на месецов.

Управителот на одморалиштето, Јован Паскоски, објаснува дека објектот во текот на изминатиот период се адаптирал за да им овозможи удобен одмор на младите летувалци кои ќе останат таму по седум дена, со шест полни пансиони.

– Во рамки на нашите финансиски можности, во текот на изминатиот период извршивме серија санации врз објектот. Го поправивме покривот кој прокиснуваше, ги извршивме редовните годишни молеро-фарбарски активности во внатрешноста на одморалиштето, како и други неопходни поправки – појаснува Паскоски.
Објектот „Мајски цвет“ беше отворен уште во април кога таму престојуваа учениците кои ги спроведоа училишните ексурзии.

– Годинава имаме помалку деца кои престојуваат кај нас во рамки на проектот „Настава во природа“ бидејќи се смени правилникот за ваквиот вид настава. Учениците наместо во четврто, наставата во природа ја следат во петто одделение – вели Паскоски.

Освен децата од социјално ранливите категории, во одморалиштето „Мајски цвет“ во текот на јули се очекува да пристигнат и млади од Македонија и од регионот кои ќе учествуваат на Летниот спортски камп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...