19 годишнината на World of Warcraft е во тек

WoW Demonhunter Eldritch_фотографија од лична архива на Иван Стојановски

Играта World of Warcraft (Светот на војувањето) ја прославува својата 19 годишнина денес почнувајќи посебен настан со многу награди и забавни активности. При логирањето во играта, добивате змејче-мало домашно милениче во Вашиот Ingame Mail.

Дополнително, имате голема шанса при убивањето на традиционалниот World Boss Doomwalker во Tanaris во Caverns of Time (Пештерите на времињата) да го добиете летачкиот Mount – Azure Worldchiller (Азурниот Свето-мрзнач), којшто е како reskin на Deathwing (Смртоносното крило) во сина варијанта. Еве како изгледа змејот во игра:

WoW Mount - Azure Worldchiller (Азурниот Светомразец) фотографија од лична архива на Иван Стојановски

 

Исто така сите ликови, добиваат и засилување што можат да го активираат како „ајтем“ со баф што дава плус 19% искуство (experience) за левелирање, а за Max level карактерите дава 19% повеќе репутација. Ако, пак, имате активирано War Mode за PvP, што дава 10% повеќе, имате околу 30% побрзо кревање на нивото. War Mode и така не е многу важен левелирате со грајнд на Dungeons (Зандани), но се препорачува да го исклучите War Mode ако го „тепате“ World Boss-от во Танарис, бидејќи има мешани групи од Хорда и Алијанса. 

World of Warcraft веќе си ја зацементира иднината за следната деценија, со тоа што на Близкон беше најавена не е една туку 3 нови експанзии однапред. Првата ќе биде за судбината на Азерот, втората во подземниот свет на планетата Азерот во внатрешноста на планетата, и третата за времето кога High Elves(Високите Елфи) преминуваат во BloodElfs (Крвави Елфи) и Sunwell сагата редоживеана низ нови перспективи. 

До неодамна имаше евент на WoW за побрзо кревање левели со Timewalking Dungeons, ама сега има евент за PvP со зголемени поени за отклучување скинови, сетови и PvP опрема за вашите алтернативни карактери, Има и нови скинови од Emerald Dream Смарагдниот сон), за коишто не мора да ја преиграте таа кампања туку едноставно да се борите со други играчи во Battlegrounds.

PvP(Player vs Player -Играч против Играч) е секогаш позабавно од PvE Player vs Environment – Играч против средината), оти во PvP се борите против луѓе, а во PvE против компјутерски код, којшто има навика на однесување на Водач, но е предвидлив. За разлика од вистинските играчи, како опоненти…

Интересното кај WoW е што ако ја играте доволно долго време доаѓате до стадиум каде со злато во играта кое се прави лесно во изобилство со малку труд за крафтање и продавање, купувате Gametime преку WoW Token-и и Ви испаѓа бесплатно играњето – со исклучок на купување експанзии.

Во моментов има дури до 67% попусти на повеќето производи од „Близард“. На оваа Black Friday распродажба можете да ја набавите и Diablo 4, која моментално е на 40% попуст.