17-годишник го победи 42-годишниот велемајстор на Светскиот шампионат во класичен Тетрис

Џозеф Сејли (Joseph Saelee) го победи Који Нишио наречен Кориан (Koji “Koryan” Nishio) во последниот натпревар од Светскиот шампионат во класичен Тетрис кој заврши на 27 ноември во Портланд, Орегон, САД.

Класичниот Тетрис се игра на конзолата Нинтендо ентернтејмент систем (Nintendo Enterntainment System – NES) од 1989 година, закачен на обичен телевизор на ист начин како што тоа се правело во осумдесеттите години на дваесеттиот век. Ова е јубилејно, десетто издание на Шампионатот (Classic Tetris World Championship – CTWT).

Ова е втор пат за Сејли, кој доаѓа од Калифорнија, да победи на шампионатот. Претходната година, на само 16 годишна возраста успеал да го тргне од тронот Џонас Њубауер (38), кој е најдолготраен носител на титулата, која ја имал освојувано 7 пати меѓу 2010 и 2018 година. Надвор од светот на гејмерството, Њубауер работи како менаџер на бар. Овогодишниот вицешампион Кориан (42) доаѓа од Јапонија каде има репутација на велемајстор на Тетрисот. Тој се има сретнато со Сејли и минатата година, кога тинејџерот го победи во полуфиналето.

На натпреварот присуствуваше и легендарниот советски и руски програмер Алексеј Пажитнов, кој ја има креирано играта „Тетрис“ во 1984 година. Во неговата понатамошна кариера тој има дизајнирано и низа други игри преку соработка со издавачи како Нинтендо и Мајкрософт. Поздравувајќи ги финалистите тој изјави дека покажале дека навистина се работи за е-спорт и дека обајцата веќе се дел од историјата на популарната игра. Наградниот фонд на натпреварот е вкупно 10.000 долари од кои 3.000 доби Сејли. При предавањето на чекот, Пажитнов му посака „се надевам дека ќе ги потрошиш за добро