!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ЗНМ ги осуди заканите на Есад Рахиќ кон новинарите


       
Скопје, 20 февруари, 2017 - 18:31 (META) 

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата во интервју за „Телевизија 24“ ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица.

„Ваквите непримерни изјави преставуваат директен напад врз слободата на медиумите и имаат цел да ги замолчуваат новинарите. Ги повикуваме новинарите да ги почитуваат професионалните стандарди и да ги проверуваат фактите пред да ги објават информациите. Тоа особено се однесува кога известуваат за сензитивни теми поврзани со човековите права“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Од Здружението потсетуваат дека во случај на непрофесионално известување на медиумите, граѓаните можат да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ и до Советот за етика во медиумите.