fbpx

Заев од Неготино и Кавадарци вети дека ќе го врати достоинството на земјоделците

-

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на митинзите во Неготино и Кавадарци порача дека во Македонија може да се има подобар живот и подобар стандард.

– Ќе има живот за сите нас. На дофат ни е тој живот. Просечната плата од 500 евра ќе ви овозможи да имате пристоен живот. Нема повеќе да се срамите од вашето дете кога му велите дека немате. После промените, вашите деца нема да ви заминуваат. Тоа е прво и најважно во нашата програма – рече Зоран Заев.

Тој се осврна и на маките на земјоделците и потсети дека и тој своевремено бил земјоделец.

– Работев и се мачев додека не научив како поштено да се работи во земјоделството. И научив. На моите раце се е запишано. Ја знам земјоделската мака и барам поддршка од земјоделците“, рече Заев, ветувајќи македонскиот земјоделец ќе биде достоинствен, а не како сега, најсиромашен на светот.

Лидерот на СДСМ истакна дека Струмица е најразвиена општина во Македонија и оти тој како градоначалник им давам плата на над 820 луѓе.

– Се грижам за 820 семејства за да имаат нивните деца дома храна. Значи, ако ние во Струмица сме можеле без кредити, може и земјата. Ние гарантираме бесплатно лекување за сите. Нема веќе луѓе да ни умираат по болници. После 11 декември јас ќе сум премиер и јас лично ќе ги бранам граѓаните. Уставот никој нема да го смени, тој ќе почитува. Груевски, на тебе и братучедите ќе ви одземе законот се што сте земале незаконски – рече Заев и ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 11 декември за да има живот во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...