!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Заев: Очигледно е дека опозицијата ќе треба да ги промени ставовите по изборниот резултат


       
Скопје, 16 октомври, 2017 - 14:13 (META) 

Резултатите на локалните избори не се добри, туку се одлични, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со црногорскиот премиер Душан Марковиќ.

Заев истакна дека тие се дополнителен мотив за Владата и дека претставуваат показател дека опозицијата треба да ги промени ставовите од изминатите месеци.

– Граѓаните дадоа поддршка во кој правец ќе се движи Македонија и ставија крај на национализмот. Порака стигна и до опозицијата. И во Источна и во Западна Македонија покажаа дека национализмот не поминува. Опозицијата очигледно треба да ги промени ставовите од изминатите месеци – рече Заев, наведувајќи дека не сака да се меша во внатрешните работи на опозицијата и додаде дека силна опозиција води до поодговорна власт.