Во Турција уапсени 42 лица поради поврзаност со ИД


       
Скопје, 11 август, 2017 - 14:31 (META) 

Во полициска акција во две провинции на Турција се уапсени 42 лица за кои постои сомневање дека се поврзани со милитантите.

Операцијата е изведена во источната провинција Елазиг и во јужната провинција Адана.

Според информациите од безбедносните извори, полицијата уапсила 22 лица во Елазиг, за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава.

Во одвоена акција, полицијата уапсила уште 20 лица во Адана, поради наводната поврзаност со илегалната Работничка партија на Курдистан. Властите трагаат уште по 10 осомничени лица.