fbpx

Во Стокхолм се трага по напаѓачот кој влета со камион во стоковна куќа

-

Полицијата уште трага по возачот на украдениот камион за пиво кој денеска влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм и уби тројца. Откако шведскиот премиер Стефан Лотфен нападот го оквалификува како „најверојатно терористички напад“, центарот на Стокхолм беше затворен.

Шведската полиција попладнево рече дека возачот очигледно избегал по нападот, иако претходно премиерот Лотфен рече дека тој бил уапсен. Полицијата објави фотографија од маж со качулка, кого го бара во врска со нападот.

Во моментов се одвиваа потрага, а во Стокхолм силно наоружани полицајци патролираат по улиците, а над градот летаат полициски хеликоптери.

Покрај мртвите, има и многу повредени, а на улицата Дротнингатан во делот на Стокхолм познат по продавници, има и траги на крв.

Според очевидци, камионот, чија кабина по ударот се запалила, удрил и детска количка со дете во неа.

– Се свртев и видов камион како оди накај мене. Вртеше лево-десно. Не изгледаше дека возачот загубил контрола, се гледаше дека се обидува да удира луѓе. Удри и детска количка со дете во неа, ја здроби – вели очевидецот Глен Форан, Австралиец кој бил во туристичка посета на Стокхолм.

Друг сведок раскажува дека глетката била ужасна, многу луѓе бегале во паника, а некои доаѓале да им помогнат на повредените. На една жена и било отсечено стапалото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...