fbpx

Во Швајцарија заробени 13.000 туристи

-

Поради снежната бура, попратени со снежни удари на ветер, околу 13.000 туристи се заглавени во Зермат, популарниот скијачки центар во Швајцарија. Локалните власти предупредуваат на „многу големи лавини“.

Во соопштението објавено на сајтот на скијачкиот центар предупредуваат на можен недостаток на струга во целиот град.

Полицијата вчера наутро ги затвори патиштата кои водат до таа област, а во вечерните саати беа откажани и возовите.

Скијањето и планинарењето е забрането во таа област која се наоѓа на 120 километри од Женева.
Портпаролката на Зермат, Жанин Имеш, за „Ен-би-си“ њус рекла дека моментално во таа област има околу 13.000 туристи и дека ситуацијата е под контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...